30-годишниот пациент В.В. од Ниш поради грешка на лекарите се бори за живот.
Завчера на Клиниката за Гастроентерологија, му дале погрешна трансфузија на крвта, поради што му се влошила состојбата.
Лекарите и сестрите подготвиле крвна група Б и му направиле трансфузија, а тој бил крвна група А.
– Се работи за пациент кој боледува од хепатитис. Состојбата му се влоши. Има запаление на белите дробови и се бори да преживее, велат извори од болницата.
Директорката ги отфрла обвинувањата.