Ватикан го отфрли новиот бугарски дипломатски претставник во Светата престолнина, бидејќи тој напишал роман во кој ги опишува хомосексуални односи, пишува Телеграф.
Софија го предложи Кирил Маричков (39) бидејќи бил адвокат, зборувал пет јазици, вклучувајќи го и италијанскиот, а во брак е и со италијанка.
Иако според Бугарија тој е идеален кандидат, на Ватикан му пречи тоа што тој пред 7 години објавил роман „Патот на бегалецот“ во кој опишувал детални хомосексуални односи.
Бугарија одби да предложи нов кандидат, што доведе до создавање на тензии меѓу оваа земја и на Ватикан.