Верувале или не: Ватикан има светец – заштитник на интернетот!


Ватикан вели, дека светецот Исидор најдобро ги одразува идеалите врз кои почива глобалната мрежа, а освен интернетот, овој светец е заштитник и на компјутерите, техничарите, како и на сите корисници кои го употребуваат комјутерот.

Според идејата дека секој општествен феномен мора да има свој патрон, Ватикан одлучи да повлече еден необичен потег и на еден од светците да му ја “додели“глобалната мрежа.
По барање на Понтификалниот совет за социјално следење, службата за надзор на интернетот го пронајде најсоодветниот светец, кој на средината на минатата деценија беше прогласен за заштитник на интернетот.
Се работи за Свети Исидор, епископот од Севиља,  роден околу 560-та година, речиси 1.500 години пред почетокот на “интернет ерата“. Според предлагачите, неговата работа,енциклопедијата Етимологија која има 20 тона, може да се спореди со големата база на податоци наречена интернет.

Празникот Свети Исидор, се слави на 4 –ти Април.
Според Римокатоличката црква, овој светец ги штити компјутерите, а и компјутерските корисници и техничари.

Tags: , ,

Сања Трајковска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1