Видео: „Џокер“ ја погодил во глава, ама „куртулила“ благодарение на вродената мозочна аномалија


Петра Андерсон (22) девојката која за време на масакрот на проекцијата на филмот Бетмен во киносалата во Аурора била погодена со повеќе куршуми од кои еден ја погодил во носот, поминал низ мозокот и застанал во задниот дел на черепот не само што чудо ја спасило туку и успешно се опоравува.

 Таа веќе зборува и оди, иако лекарите по првиот преглед мислеле дека ако воопшто преживее нејзините способности за движење и говор ќе останат трајно оштетени. Меѓутоа Петра имала среќа поради ретката вродена аномалија за која најверојатно не би ни дознала доколку не се случеше несреќата. Станува збор за тенок канал кој е исполнет со течност и кој минува низ поголемиот дел од мозокот.

Причина за чудото е тоа што куршумот кој ја погодил во главата влегол во мозокот токму на почетокот на тој канал и поминал точно покрај него притоа не оштетувајќи го мозочното ткиво. Благодарение на тоа, лекарите релатувно брзо го отстраниле куршумот без никакви оштетувања на мозокот.

 Мајката на Петра е болна од рак на дојката во последен стадиум, па затоа нејзиното семејство не е во можност да ги покрие трошоците за двете нив. Поради тоа покрената е акција за собирање на парична помош и на нејзината сметка од цела Америка веќе се собрани 32 илјади долари.

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1