Демонстрантката припаѓала на контраверзната украинска група Фемен која се бори за женските права.
Таа успеала да му се приближи еден метар на рускиот патријарх на киевскиот аеродром, но обезбедувањето и свештениците на патријархот успеале да ја запрат.
Активистката на својот грб со големи и црни букви имала напишано „смрт за Кирил“ (патријархот) и извикувала „Кириле, оди во пеколот“.
Таа веднаш била претворена но подоцна била ослободена без да биде покренато обвинение.
Патријархот Кирил го игнорирал настанот и продолжил да им дава изјава на новинарите за неговата посета на Украина.