Видео/Фото: Жената со најголеми раце во светот


Веќе повеќе од 50 години Дунгаи Самаксамам од Тајланд страда од неверојатно ретка болест заради која рацете и се трајно отечени.

Стручните лица веруваат дека 59-годишната жена страда од макродистрофија липомастоса, состојба во која масното ткиво се собира од рамениците до прстите на двете раце. И  наједноставна активност, како што е чешлањето коса за неа е голем проблем.

1409742861344_wps_14_Duangjai_Samaksamarn_sits1409742902756_Image_galleryImage__EXCLUSIVE_IMPORTANT_Copy

Заради својот изглед Дунгаи се плашела дека другите деца ќе ја исмеваат, па не одела на училиште. Меѓутоа, кога наполнила 20 години била принудена да излезе надвор од својата соба за да заработи за живот и да се грижи за  старите родители.

Оваа жена и покрај тоа што го привлекла вниманието на многу стручњаци и доктори, никој досега не успеал да и помогне. 1409742926434_wps_23_EXCLUSIVE_IMPORTANT_Copy_

– Еден доктор ми понуди решение да ми се отсечат рацете за да можам полесно да се движам, но не сакам да го направам тоа –  раскажала за „Дејли меил“ жената со најголеми раце во светот.

Дунгаи имала неколку операции , но често состојбата само и се влошувала. Последниот пат на магнетна резонанца ја прегледал јапнскиот доктор Еију Учинум од Универзитетот Китасато и утврдил дека таа страда од  макродистрофија липомастоса.1409742870058_wps_15_EXCLUSIVE_IMPORTANT_Copy_

– Моја дијагноза е дека таа е единствената личност во светот која пати од макродистрофија липомастоса во таква мера. Причината за болеста е непознат, па затоа не можеме да ѝ помогнеме – изјавил докторот Еију.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1