Видео: Хомосексуалците се заканија Доколку не ги легализирате геј браковите, чувајте се!


За сите противници на геј браковите, хомосексуалците смислиле поприлицно убедлива причина да го променат своето мислење по однос на ова прашање.

Едноставно – геј мажите ќе почнат да се женат со жените на хетеросексуалците.

За почеток, тие подобро изгледаат од хетеросексуалците бидејќи повеќе внимаваат на својот изглед и на својата гардероба, но и поголем дел од своето време го поминуваат во теретана. Покрај тоа, не им е никаков проблем да излегуваат заедно со жените во кино, да посетуваат уметнички галерии па дури и да танцуваат со нив на некоја убава музика.

За доручек знаат да подготват знаат да подготват многу подобар оброк од загорена кајгана, а не им пречи и доколку со сааааати ги слушаат негодувањата на жените и постојано им говорат дека се во право. На тој начин ќе разберат многу детали за момците за во кои се заљубени девојките.

Е сега што се однесува до сексот… Девојките и онака за време на пијанство сакаат да се бакнуваат со гејови, па тоа и не би им било прв пат, а и без проблем би прифатиле и тројка по избор на девојката. За нејзините сексуални фантазии гејовите дознале за време на долгочасовните разговори.

И, да, геј мажите никогаш нема да погледнат во друга девојка!

Зарем ова не е она што секоја девојка го посакува?

И зарем, ако така ги набљудувате нештата, не е подобро геј мажите да си се ориентираат кон нивните геј партнери, па така повеќе девојки ќе останат за хетеросексуалците?

Овде може да погледнете како тоа тие го претставуваат!

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1