36 годишниот Вилиам Бонер од Америка се здобил со тешки телесни повреди, изгореници, откако поради изгубена кладба пријателите му ја запалиле главата. Настанот е снимен на камерите за видео надзор.
Не е познато во каква состојба било неговото друштво. Откако му вивнала главата во пламен, Вилиам безуспешно се обидувал да го изгаси огнот.
– Мислевме дека е луд. До сега имаме видено многу глупави нешта кои ги прават луѓето под дејство на алкохол, но никогаш нешто вакво, изјавил Кејт Бизи, менаџер на кафулето.