Видео: Кинези протестираат против Јапонија со грабеж во јапонските фабрики – на мета и Панасоник и Канон


Панасоник го прекина производството во своите погони откако толпа демонстранти ја нападнаа фабриката. Престана со работа поради безбедност и Канон.

Грабежите на јапонските фабрики од страна на кинеските демонстранти ги одбележаа протестите кои се одржаа низ цела Кина поради тврдењето на Токио дека островите во источното кинеско море му припаѓаат на Јапан. На овие острови право полага и Кина.

Панасоник ги затвори фабриките откако демонстрантите нападнаа две фабрики на овој гигант. Фабриката во градот Чингдао ќе остане затворена до 18 септември. Канон затвори пак 3 свои фабрики во Кина. Ова се најголемите антијапонски демонстрации во Кина од 2005 година.

Се очекува утре да има и помасовни протести со оглед на фактот дека е годишница од инцидентот во Мукудена, познат како Манџурски инцидент, кога Јапонија ја искористи екслозијата на железницата за да изврши инвазија на северна Кина 1931. година.

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1