ВИДЕО: На планетата и се заканува мегацунами!?


Научниците кои спроведуваат истражувања на Зеленортските острови тврдат дека откриле докази дека на овие острови пред 73.000 години настанало мегацунами кое било поголемо од било што што човечката раса го видела.

Џиновски бран висок дури и 244 метри се формирал по изненаувачкото рушење на дел на голем вулкан и буквално потопил еден остров оддалечн 50 километри.cunamiZgradi-685x320

Своите наводи експертите ги објавиле во угледно списание Science Advances а во својата студија предупредуваат на голема опасност од изненадувачки колапси на вулкани денеска.

„Колапсот може да биде екстремно брз и катастрофален, и може да предизвика џиновски бранови и цунами“, изјави шефот на истражувачкиот тим Рикардо Рамаљо од американскиот Универзитет Колумбија.

„Сеедно треба да се води сметка за тоа кога говориме за потенцијалните опасности“, вели Рамаљо.

Колапсот за кој експертите пишуваат се случил наводно на делог на вулканот Фоџи, еден од најголемите островски вулкани во светот. Денеска е висок 2029 метри, а во просек работи секои 20 години, додека неговата последна ерупција е забележана лани.

Се верува дека мегацунамито во целост го потопило островот Сантиаго, на кој денеска живеат 250.000 луѓе. Рамалјо и соработниците во текот на една од експедициите на Сантиаго пред неколку години воочиле необични карпи оддалечени од 600 метри од брегот на надморска висина од речиси 200 метри. Некои карпи се големи и како планини, а изгледаат целосно поинаку од вулканското дно од кое стрчат и – личат на карпи кои се наоѓаат на брегот на Сантиаго.

Научниците дошле до заклучок дека големите карпи, а некои тешки и до 750 тони, до таа надморска височина и до таа оддалеченост од брегот, можат да донесени само од мегацунами.

Висината на брановите ја пресметале на темел на проценка на енергија која најтешките карпи можат да бидат искршени од брегот и да бидат отфрлени од брдото.

Инаку колапсот на вулканот не е некоја новост: Забележани се на Аљаска, во Јапонија, и на други локации, а во некои случаи настанале и смртоносни цунамија. Новата студија сугерира дека колапсот може да биде изненадувачки силен и брз, поради што и може да настане мегацунами.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1