Видео: Открила дека нејзиното поранешно момче и живее на поткровјето 12 години од нивното раскинување


Трејси која била самохрана мајка на пет деца, еден ден слушнала мали удари на таванот од нејзината куќа.

Најпрвин си помислила дека станува збор за некакво животно, но, откако ги пратила нејзините двајца синови и внукот да одат да проверат, тие забележале маж како спие на поткорвјето.

Поточно станувало збор за нејзиниот поранешен љубовник со кој што раскинала пред 12 години. 44 годишниот маж само што излегол од затвор пред две недели. Трејси чие целосно име не сакала да биде откриено, поради нејзиното поранешно момче, ко што е сеуште на слобода, вели дека последен пат го забележала пред една година, велејќи дека добила некакви писма од него, додека тој бил во затвор. Сепак таа јасно му дала до знаење дека се е готово меѓу нив.


Таа изјавила дека тоа што бил зависен од дрога и постојано крадел вклучувајќи го и нејзиниот џип, значело дека таа не била заинтересирана и му раскинала уште пред 12 години.
Уште пред да пристигне полицијата, нејзиното поранешно момче успеало да избега од куќата. Полицијата се сомнева дека се крие некаде во соседството, но се уште не може да свати како успеал секоја вечер, скришум да се качи на таванот. Жената и нејзините деца се плашат да останат сами во куќата.
„Сакам да биде фатен и обвинет. Вакво нешто може да се повтори, и на моето семејство сериозно да му биде загрозена безбедноста“, вели Трејси.

Tags: , , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1