Видео: Пекол во Франција – младите запалија училиште и кршеа по улиците


Нереди на север на Франција. 16 полицајци се повредени, причинета голема материјална штета. Млади во градот Амјен го запалиле училиштето и младинскиот центар, ги одземале автомобилите од возачите, ја нападнале и полицијата.

Околу 100 тина млади се собрале во квартот Амјен – Север и ги провоцирале полицајците кои биле тука да го обезбедуваат просторот по немирите претходната вечер. Младите фрлале петарди на полицијта како и разни други предмети, а полицијата возврати со солзавец и гумени куршуми. Младите насилно ги сопирале автомобилите, ги ваделе возачите надвор и ги одземале возилата.

Квартот Амјен-Север е место каде често има инциденти, но никогаш не било волку сериозно. Уништени се 3 јавни згради и повредени 16 полицајци.

Градоначалникот  Жил Демаји изјавил дека квартот е опустошен, насекаде има запалени канти за ѓубре и опожарени возила. Комплетно бил уништен и еден спортски центар.

Share Button

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1