,,КРАДЦИ,, АМАН доста беа поскапувања – прв протест во Скопје и Битола


Неколку стотици граѓани вчера се собраа пред зградата на плоштадот Пела да протестираат пред Регулаторната комисија.

 

Протестите беа во организација на ,,АМАН,, здружение формирано преку социјалните мрежи како реакција на револтот на граѓаните на најновите поскапувања на струјата, парното и бензинот.

Скандирајќи „Крадци”, демонстрантите бараат од Регулаторна да го повлече и спорниот Правилник на Топлификација, со кој им се укинува правото на граѓаните да се исклучат од мрежата, и им се наметнува обврска имаш немаш парно да плаќаш за услуга што не ја добиваш, информира Макфах.

Со оглед на фактот дека искажаниот револт на социјалните мрежи беше многу поголем, зачуди што на протестот не излегоа повеќе граѓани. Сепак од АМАН најавија протести секој вторник во 18 часот – се додека нивните барања не бидат усвоени.

Протест се одржа и во Битола – и таму идентични пароли и довикувања.

Повеќе здруженија, како и политички партии, најавија дека новиот Правилник ќе го дадат на Уставен суд, со образложение дека се кршат основните права за слобода на пазарот.

Share Button

Tags: , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1