Видео: Песна за Пандев од која ќе ви поминат морници – автор Италијанец


Роден е во Македонија и одбрамбените играчи ги сече на парчиња,

се вика Горан Пандев и го викаат убиец со број 29 на дресот

дава голови и ќе дава, а Наполи ќе победува зошто тој е многу јак

послушајте ја целата песна со превод на македонски – во целата песна се фали нашиот фудбалер и тоа со прекрасни силни зборови – ако досега не сте ја чуле – ова не смеете да го пропуштите.

Песна за Горан Пандев, напишана од италијанскиот пејач и фан на Наполи, Alberto Caccia, со македонски превод!!!

песната е напишана пред Супер Купот во Кина, а еве што Пандев изјавил кои се неговите очекувања од купот.

 „Вторпат сум во Кина. Веќе играв со Интер во Шангај. Јас се надевам дека ќе се вратиме во Неапол со трофејот, кој ќе им го посветиме на нашите навивачи. Штотуку почнавме со Наполи и победата во Супер-купот ќе биде почеток да размислуваме за големи нешта. Поставивме високи цели годинава. Јас не сакам да предвидувам, но Јувентус е фаворит. Подготвени сме да им ги искомпликуваме плановите и да им го посветиме пехарот на нашите приврзаници кои не можеа да дојдат тука“, вели Пандев

Share Button

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1