Повеќе од стотина двојки се венчаа на 24 август на заедничката церемонија, во еден мексикански пограничен затвор.
Двојките судбоносното „да“ го кажаа во затворот во градот Суидад Херес во северната мексиканска држава Чиуауа. На свечената церемонија присуствуваа роднини на затворениците, но и неколку локални медиуми.
Управникот на затворот Цезар Рамирез, изјави дека се одлучиле на ваков потег, како би им помогнале на затворениците. На овој начин заљубените осуденици учат да живеат во заедница, што ќе им помогне да се социјализираат по пуштањето на слобода. Вистинскиот тест на нивната љубов, тврди Рамирез, ќе следи во оној момент кога ќе ги напуштат затворските ќелии.
Ова не е прв пат во некој мексикански затвор да се одржува групно венчавање, но ова беше едно од најголемите досега. Мексиканската држава во последните неколку години води битка со нарко картелите, па поголем дел од затворениците се лиштени од слобода поради трговија со наркотици.