Брендон Џ. Рауб служел во американската војска за време на два воени конфликти, во Авганистан и во Ирак. Во четвртокот агенти на ФБИ заѕвониле на неговата врата и го приведиле.
Видеото од апсењето е објавено на Youtube и крена голема прашина за овој случај.
– Триесет минути разговарав со господинот од тајната служба. Бев исклучително фин и одговорив на секое поставено прашање. Навистина ги сакам САД и фактот дека можам да бидам уапсен и одведен некаде без судски налог и без адвокат е чиста лудост, изјавил Рауб за тамошните медиуми во телефонски разговор.
Рауб на својот профил потпишал дури и петиција со која бара повторно да биде отворена истрагата за нападите во Њујорк.
– Доколку не сте свесни за огромната количина на зло кое го направи американската Влада, предлагам да ги извадите главите од песокот и денот на пресметката се ближи. Револуцијата е тука и јас сум спремен да ја водам, објавил Рауб на својот Фејсбук профил.
Неговата мајка вели дека со овој случај се нарушува слободата на говорот, а Амнести Интернешнал, водечка организација за човекови права, се уште не се изјаснила за овој случај.