Видео: Заложничка драма во САД, 400 луѓе биле заложници, 6 загинале меѓу нив и деца


Локалните телевзии во САД пренесуваат за заложничката криза пред храмот Сикх во предградието Милвоки Оук Крик.

Според непотврдени информации 6 луѓе се мртви, а меѓу заложниците имаат и ранети од масовното пукање. Најмалку двајца напаѓачи по пукањето ги затвориле луѓето внатре во храмот. Се претпоставува дека околу 20 до 30 луѓе се потешко повредени, а меѓу жртвите и заложниците има и деца.

Според сликите на локалните телевизии се гледа како на пракингот пред храмот, лежат телата на починатите. CNN пренесува дека еден од напаѓачите е убиен. Полицијата има податок дека неколку од напаѓачите се ранети. Сикхизам е монотеистичка религија која во 15 столетие (1469 година) ја основал Гуру Нанак. Верниците се молат во храмот кој се вика гурдвар.

Сикизмот се темели на вербата во еден Бог и на циклусот на повторно раѓање. Бог е вечниот гуру, кој им дава вдахновение на сите верски учители. Симболот на Сикизмот е канда односно цртеж на оружје.

Tags: , , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1