Олимпиец од Гватамала им купил телевизор на семејството, за да го гледаат како освојува медал


Пред да отпатува на Олимписките игри во Лондон, Гватемалецот Ерик Барондо го израдувал своето семејство со тоа што за прв пат во својот дом купил телевизор.

Се испоставило дека ова било важна одлука затоа што Барондо во саботата во брзо одење на 20 километри го освои среброто, така што неговите родители кои што исто така се атлетичари, преку телевизија можеле да го гледаат својот син како ја освојува првиот олимписки медал во историјата на неговата земја.

„Мојата земја има многу пропатено, но соништата останаа“, изјавил 21 годишниот студент.

„Кога од утре некој во оваа земја би ги заменил ножот или пушката, со еден пар патики, и да почне да тренира, би бил најсреќниот човек на светот“, додаде првиот освојувач на олимписки медал од земја во Централна Америка.

Tags: , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1