Компанијата Nestle ја тестира новата “подобрена“ формула на адаптираното млеко „Nestle NAN H.A 1 Gold“ поради многуте поплаки од родители кои тврдат дека на нивните бебиња, по испивање на млекото им се лоши.
Според родителите, децата веднаш добиваат осип , дијареа во зелена боја, дехидрираат, повраќаат и врескаат од болка.
Сара Велс од Тасманија изјавила дека нејзиниот десетмесечен син Оливер, го пиел млекото една недела, и таа веднаш забележала промени. Пишува Телеграф.
„Една недела откако син ми го пиеше млекото со подобрена формула, му се исфрли целото лице и доби егзем“, изјавила Велс за медиумите.
Таа веднаш се јавила во компанијата и оттаму и рекле дека таа реакција е нормална кога бебињата го менуваат млекото и и’ понудиле подарок –ваучер од 50 долари.
Но, поплаките не застанале само на овој случај.
И Роберт Паганин од Викторија се пожалил дека неговиот шестмесечен син многу лошо реагирал на новата “подобрена формула“. Тој изјавил дека е многу револтиран од односот на оваа реномирана компанија кој очигледно си поигрува со животите на бебињата.
Менаџерката за односи со јавноста на “Nestle “, Маргарет Стуарт изјавила дека компанијата веќе прави тестови дали е добро што натриум хлоридот, во новиот рецепт го замениле со калиум хлорид.
„Тестовите не покажаа ништо што би можело да предизвика такви реакции кај бебињата кои ги опишуваат родителите. Ова се прелиминарни тестови и тие не покажуваатникакви знаци кои би можеле да им наштетат на бебињата. Млекото е сигурно“, изјавила Маргарет Стуарт.
Таа исто така изјавила дека новата формула ќе биде тестирана и во независна лабораторија во Австралија.
Во меѓувреме, во изминатите две недели, компанијата доби повеќе од 100 коментари и поплаки на револтирани родители кои пишувале на веб страната за корисници “Product Review “.
Некои од коментарите се : „Новиот рецепт е ужасен, по три недели моето бебе доби дијареа“, „Сме немале поужасни денови. Моите близнаци се раздразливи и имаат дијареа постојано“,„Моето бебе нон-стоп плаче и го боли стомачето“.