Како дел од кампањата „Почитувај ги правилата, почитувај го животот“ освен што на возачите денеска им беа делени флаери на улицата „Партизански одреди“, беше промовирана и нова превентивна мерка во сообраќајот.
Станува збор за поставување на макети со изглед на полициски службеник, кој ќе имаат за цел да им укажуваат на учесниците во сообраќајот да бидат внимателни, пишува Денешен.мк.
– Макетите со полицаец ќе бидат поставувани на различни локации, возачите и сите учесници во сообраќајот треба да бидат внимателни без разлика дали се работи за макета, или се работи за вистинска контрола или пак воопшто нема контрола на соодветната сообраќајна делница, парвилата секогаш мора да се почитуваат, рече министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.