градот Бристол најави дека ќе воведе во употреба сопствена валута, бристолска фунта.
Причината за ова е намелента доверба во банките како и последниците кои граѓаните во Велика Британија ги чувствуваат од должничката криза во зоната на еврото.
Оваа нова валута ќе биде пуштена во промет во септември, а ќе можат да ја користат само компаниите во Бристол кои ќе се пријават за тоа.
Во време кога Британија ја тресе рецесија, а угледот на тамошните банки е извалкан со скандали, идејата за воведување на бристолска фунта ги воодушеви луѓето.
-Во време кога, министрите отворено зборуваат за можен колапс на еврозоната, чија членка не е Британија, ова е добра идеја, изјави еден од организаторите Киран Манди.
Поради големиот интерес воведувањето на валутата морало да биде поместено од мај на 19 септември.
До сега стотици фирми се пријавија за учество во проектот, од прочуениот центар за уметност „Арнолфинија“ па се до ланецот на продавници за деликатесна стока „Чандос“.
На бристолската фунта се наоѓаат симболите на локалната гордост, вклучувајќи го и писателот на религиски текстови Хана Мур, како и авионот „конкорд“, којшто е делумно произведен во Бристол.
Организаторите наведуваат дека фирмите ќе ги плаќаат локалните даноци во бристолски фунт, а тамошната општина им понуди на своите 17.000 вработени, да добиваат дел од платата во оваа валута.