Иако во објава на својот блог се обиде да биди дискретен и да не предизвикува паника, признава дека причини за загриженост има, но дека исходот од случувањата не зависи од обичните луѓе туку од високопозиционирани политички и воени лица, па затоа нема причина за раскопување на нештата врз кои едноставно не можеме да делуваме.
Не сакајќи да открие кога и што точно ќе се случи, Лон предупредува дека подолго време собира докази кои укажуваат на тоа дека на крајот од 2012 година ќе биде откриен нов вид кој е многу сличен на човечкиот на Земјата, кој на изглед е идентична на луѓето, но е со вонземјанско потекло.
Дали ова откритие ќе има последици и на кој начин ќе се манифестира не се знае и затоа ќе треба да се почека бидејќи Лон признава дека тој не е никаков пророк туку едноставно носи предвидување кое се темели врз одредени докази. Изгледа дека за се останато сепак ќе мора да го дочекаме крајот на 2012 година.