Во Грција денес се е застанато – генерален штрајк


Денеска генерален штрајк во Грција ќе ја парализира земјата.

Штрајкуваат вработените во јавниот сектор, вработени во приватниот сектор, цариниците, а и синдикатот ПАМЕ, закажа протест. На штрајк одат и лекарите и вработените во болниците, вработените во државните банки, адвокатите. Во штрајкот се вклучени и железничарите, како и бродските работници. Штрајк ќе има и во Атина и во Солун.

Повод се новите мерки за штедење најавени од владата кои се состојат главно од намалување на платите, пензиите и трошоците за социјално и здравствено осигурување.

Организатори се двата најголеми синдикати во Грција, а штрајкот ќе трае 24 часа.

Нема да работат ниту училиштата и универзитетите. Бензинските станици нема да отворат до 15 часот. Во прекин ќе е и метро линијата до Атинскиот меѓународен аеродром.  која ќе биде во прекин.  Бродовите и фериботите ќе останат вкотвени на пристаништата.

Share Button

Tags: ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1