Сите комарци се преносители на вирусот Западен Нил – Инфо


,, Доволна е и една капка вода за комарецот да се размножи, затоа е важно да не се оставаат отворени канти и други садови во дворовите. Ако комарецот не се нахрани со крв, не може да положи ларви, од кои настануваат нови комарци. Освен таблети и спрејови против комарци, како заштитни средства кога се престојува надвор, може да се користат и миризливи свеќи,,

Дневник разговарал со епидемиолог во Институтот за јавно здравје кој детално објаснува се во врска со овој вирус. Ви пренесуваме дел од текстот.


Западнонилска треска се појавува токму сега бидејќи птиците преселници од Kавказ и Урал, кои се носители на овој вирус, се селат на југ, а кај нас во регионот застануваат да се одморат покрај реките, езерата, мочуриштата.

Во Србија, критично место на пример е Дунав, а кај нас се Дојранското, Преспанското, Охридското Езеро, Вардар и други реки.

Кога птиците ќе ги касне комарец, тој се заразува и болеста може да ја пренесе на човекот. Прашање на ден е кога ќе ни дојдат и други вирусни заболувања што се пренесуваат преку комарци, а досега тука воопшто не биле регистрирани. маларијата може да се врати, а не, дај Боже, да ни дојде и денга, која е многу поопасна и со поголема смртност, вели за Дневник д-р Благоја Алексоски, епидемиолог во Институтот за јавно здравје.

Не само тигрестите, туку сите видови комарци го пренесуваат вирусот, а освен птиците, и коњите и други животни  (кокошки, глувци) може да се носители на вирусот

,, Kомарците го пренесуваат вирусот на луѓето, но и на сите други цицачи, зависи се од одбранбената моќ на организмот што е инфициран.

Во светски рамки, 80 отсто од сите што ќе бидат инфицирани со западен Нил немаат симптоми и не ја ни регистрираат болеста. Околу 20 отсто од граѓаните добиваат благи симптоми, слични на грип или друго вирусно заболување, а само 1 отсто од сите заразени ќе развијат инвазивна форма (менингитис, енцефалитис или парализа). – вели за Дневник Д-р Гордана Kузмановска, раководителка на секторот епидемиологија во Институтот.

Доволна е и една капка вода за комарецот да се размножи, затоа е важно да не се оставаат отворени канти и други садови во дворовите. Ако комарецот не се нахрани со крв, не може да положи ларви, од кои настануваат нови комарци. Освен таблети и спрејови против комарци, како заштитни средства кога се престојува надвор, може да се користат и миризливи свеќи – вели д-р Kузмановска.

повеќе инфо за симптомите ОВДЕ

Share Button

Tags: ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1