Во иднина прво тестирање на гените, па после правење деца


Генетски код, освен здравствствени ќе може да ги открие и психолошките карактеристики на луѓето, а со тоа и колкави се шансите за добивање на здраво дете со тој партнер.

Наместо долга врска и тестирање дали љубовната двојка си одговара или не, во иднина луѓето ќе бараат пар кој ќе биде негов совршен биолошки партнер, а тоа според научниците на Кралскиот колеџ во Лондон наскоро ќе се прави со помош на генетски тестови на компатибилност. Тие тврдат дека за најмногу десет години ќе биде вообичаено луѓето да плаќаат за да добијат потврда за својот, а со тоа да може да најдат и човек чии генетски код совршено ќе им одговара на нивниот код.

Овој генетски код, освен здравствствени ќе може да ги открие и психолошките карактеристики на луѓето, а со тоа и колкави се шансите за добивање на здраво дете со тој партнер.
„Кога веќе ќе ги имаат тие информации двојките ќе бидат во можност да одат и на  ин витро оплодување ќе биде елиминирана секоја можност за детето да има некоја болест. Сепак, мислам дека нема да може да се дизајнира детето, туку само ќе се фокусираме на блокирање на генетските болести“ изјави д-р Арманд Лерој, лидерот на научниот тим.

Иако се смета дека тоа ќе отвори многу етички дилеми, д-р Лерој објаснува дека генетското планирање на деца функционира и денес со скенирање на фетусот за проверка од Даунов синдром и слични болести, со тоа што и се дава можност на мајката да одлучи дали ќе го задржи детето.

„Некои култури ќе го застапуваат ставот дека  ќе ги комбинираат најдобрите гени за да имаат најнапредни потомци, а другите ќе тврдат дека тоа е игра со Бог. Но, факт е дека науката оди напред, и дека денешното општество се повеќе се потпира на истражувања и на генетика“ тврди данскиот невобиолог Лон Френк.

Share Button

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1