Во Македонија нема случаи на ,,Западен Нил,,


Комисијата за заштита на населението од заразни заболувања известува дека во Македонија досега нема лабораториски потврден случај на заболени од западно-нилска треска.

 

Има во залиха доволен број тестови, а досега биле испитани 25 сомнителни лица, но кај сите резултатите биле негативни.

„Деновиве на територијата на Скопје се врши четврто ларвицидно прскање против комарци, со посебен акцент на водните површини, по течението на реката Вардар и езерото Треска. Акции за прскање неколкупати летово се преземени и во речиси сите поголеми градови низ државата”, се вели во соопштението.

Сепак останува препораката за заштита. Да се постават заштитни мрежи на прозорците, да се отстранува евентуална застоена вода, употреба на средства за заштита од каснување комарци.

Share Button

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1