Во Мексико убиен градоначалник и неговиот помошник


Во мексиканската држава Сан-Луис-Потоси, убиен е неодамна избраниот градоначалник на градот Матехуала, Едгар Моралес Перез.

Тој e убиен од огнено оружје во неговиот службен автомобил. Освен него во автомобилот се наоѓал и шефот на неговата кампања, Франциско Хернандез со неговата сопруга. Херанедез се здобил со смртна рана, додека неговата сопруга е полесно повредена.
Моралес член на Институционалната револуционерна странка е за градоначалник на 1 јули, а засега мотивот за нападот и е непознат на полицијата.
Во четврток полицијата во близина на градот Сан Луис Потоси, пронашла 14 машки тела. За прв пат во последните неколку години, во оваа држава која не се граничи со САД, се пронајдени волкав голем број на жртви. Поголемиот број на убиства во Мексико се случуваат во северниот дел од оваа земја во пределите кои што се граничат со САД. Овие кривични деа воглавно се поврзани со борбата со крумчарење оружје и дрога.

Tags: , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1