Вчера на семејна прослава во на влезот од селото Рашче-скопско околу 17 часот, 19 годишен жител на Рашче, од пиштол марка „М-57“ кал.7,62 мм пукал во воздух и тоа неколкупати.
Полицајци од Ѓ.Петров реагирале и го привеле лицето. Откриено е и дека пиштолот го поседувал без одобрение. Извршен е увид на местото и пронајдени се вкупно 23 испукани чаури. Дадени се на вештачење.
Во близина на лице место затекнат е и Н.Х. (64) од с.Рашче, кој истиот ден го нарушил ЈРМ со пукање од огнено оружје пиштол марка „Зброевка“ кал.7,65 мм, кое го поседувал со дозвола. ПС-Ѓорче Петров превзема мерки за расчистување на случајот.
Веќе е јавна тајна дека на албанските свадби се пука и тоа на големо. Истрелите не се реткост ниту во градот. Во населбите Нерези, Чаир, Бутел, Бит Пазар не ретко се случаат истрели од огнено оружје за време на свадбените прослави.