Во Северна Кореа има пици, а жените почнаа да носат панталони?


Најголемата вест во Северна Кореа изминативе неколку дена не е некоја нуклеарка или тестирање на нова ракета, туку веста дека во Пјонгјанг има жени кои почнале да носат панталони.

И колку и оваа вест да се чини смешна, таа ги кренала на нозе аланитичарите да се запрашаат што се случува во најзатворената земја во светот. И додека носењето на панталони во поранешна Федеративна Југославија беше сметано за потпаѓање под империјалистичко влијание, во Северна Кореа непридржувањето на одредби во кои жените треба да се облекуваат според прописи, до неодамна значеше казна.

Почетоците на влегување на модерното време во Северна кореа каде што пред неколку години почнаа да се прават пици, хамбургери и чипс, се во 2009 година кога таткото на сегашниот владетел Ким Јонг Ун доживеа мозочен удар. Ким Јонг Ун кој е најмал од децата на владетелот кој почина лани, кога плачеше цела земја, во првите месеци не направи видливи промени, но за многу кратко време одржа јавен говор пред граѓаните, постапка која неговиот татко никогаш не ја направил. Кратко по тоа почналаа да се појавуваат видеа во кој посетува обични грашани, средби со војниците, а најшокантното од се – појавувањето во друштво на непозната девојка. Младиот владетел го променил воениот врв, а некои од најрадикалните генерали ја изгубија моќта, па дури и исчезнаа од воениот врв.

Иако многумина тврдеа дека новиот владетел личи на својот татко, сепак радикалните чекори но и отпуштањето на женската војска каква што имаше и Гадафи го издвојуваат од него.
Но и покрај тоа, младиот Ким во неколку наврати истакна дека нема да се откаже од агресивната политика кон соседите, а нема намера да прекине со нуклеарните и ракетни програми или да ја смени доктрината „војската пред се“. Било какво противење на режимот се уште се казнува со логор за целото семејство на оној кој не се согласува.

Tags: , , , , , ,

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1