Според истражувањето, 2,1 отсто од мажите на возраст од 16 до 25 години изјавиле дека продавале сексуални услуги во 2012 година. Само за споредба истите тие услуги ги давале 0,8 отсто од жените.
– Зад овие бројки се наоѓаат околу 20 илјади лица на кои итно им е потребна помош. Тешко е да се сфати зошто има повеќе мажи отколку жени, изјавила Мери Нијман портпарол на советот.
Претставник на шведската Асоцијација за сексуална едукација изјавил дека постои можност на овој начин младите хомосексуалци полесно да ја прифатат својата сексуалност доколку тоа го прават за некоја финансиска корист.
Резултатите од ова истражување покажале дека 21,9 отсто од лицата на возраст од 16 до 25 години сметаат дека е прифатливо да се нудат вакви сексуални услуги за некаков вид на компензација и дека младите мажи се потолерантни по однос на ова прашање за разлика од жените.
Дури и клиентите кои плаќале за сексуални услуги во најголем број биле лица на возраст до 26 години.