Во Србија се вози на зејтин – наместо дизел ставаат зејтин, така им е поевтино


Повеќето од возачите од Прокупље, Србија, почнале намесо еуро дизел во своите автомбили да точат обичен зејтин, бидеќи така им е поекономично.

Возачите велат дека сончогледовото масло не го оштетува моторот повеќе од горивото предвидено за автомобили, а се одлучуваат за него, бидејќи е далеку поевтино, па најчесто на зејтин своите коли ги возат таксистите или оние кои одат на подолг пат.Zejtin-dizel-e1421181413259

-Во Ниш купувам руски зејтин кој чини 86 динари по литар, а литар еуро дизел сега чини 140 динари. Тоа е голема заштеда и кога немам пари се одлучувам за зејтин. До сега повеќе пати сум возел на зејтин, најчесто кога патувам на подалечна дестинација, вели Мирослав Кривачевиќ од Прокупље, за порталот Јужни вести.

-Она за што мора да се води грижа е да не остане зејтин во резервоарот, туку треба да се потроши во „еден здив“. Се поголем е бројот на оние кои користат зејтин во автомобилите, дури и јас еднаш возев така. Лично мислам дека неговата постојана употреба не е баш препорачлива, вели за Јужни вести, автомеханичарот Зоран Бранковиќ.

На бензинските станици во Прокупље велат дека прометот им опаднал, бидејќи се почесто се вози на зејтин.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1