Во услвои на криза тони работни места за камионџии, а на Американците не им се работи


Додека земјата ја тресе тешка економска криза, со голема стапка на невработеност, логично би било Американците да скокаат за секоја шанса за вработување.

Но понекогаш нештата знаат да се косат со законите на логиката. Американските компаниите со крајни маки се обидуваат да ангажираат луѓе кои што би работеле како камионџии. Според директорот на американската аоцијација за безбедноста на камионџиите, Дејвид Хелер, во моментов отворени се повеќе од 200,000 работни позиции, а направените статистики на американските институии, покажуваат дека нема пораст на бројката на камионџиите и дека истата котира на 1,5 милиони. Се очекува во периодот од 2010 до 2020 година да се отворат 330,100 работни позиции односно бројката за работни позиции да се зголеми за 20 %.
„Но, овие места е неверојатно тешко да се пополнат, а уште потешко луѓето да се задржат на работното место. Никој не сака да вози камион“, вели Хелер.
„Платата и не е така лоша. Камионџиите заработуваат околу 37,930 долари годишно, што во просек би дошло околу 4000 долари месечно. Просечна плата за секоја работа во Америка. Најдобрите 10 камионџии заработуваат и по 58,000 долари годишно“, објаснува Хелер.

100-те најдобри компаниии за кои што вреди да се стане камионџија

Најпрвин не е лесно да се земе сертификат. Најголемата тешкотија за еден Американец е да дојде до возачка дозвола за камион. Курсот во кои што треба да се научат сите возачки вештини трае осум недели, а цената за истиот изнесува 6000 долари.
„Возачите треба да бидат комплетно подготвени пред да влезат во оваа индустрија. Голем е ризикот да се стави некој зад воланот, на камион тежок 80,000 килограми, чие име го носи компанијата која што го ангажирала. А кога возачите ќе почнат со возењето, дознаваат дека животниот стил на долги патувања нималку не е лесен. Напуштањето на подолг период на домот, семејството и најблиските, претставува голема тешкотија за секого кој што решил да се занимава со оваа професија“, вели Брет Акуила, камионџија кој што го формирал блогот „вистината на камионџиите“.

Токму од овие причини работата со возење камион за многумина претставува недостижна цел, а со самото зголемување на економската криза, се повеќе вакви места стануваат слободни.
„Кога луѓето ќе почнат да трошат повеќе пари, тогаш истите се стравуваат од преселби“, вели Хелер.
Голем дел од големите камионџиски компании како што се „Schneider National“, „J.B“, „Transport Services“, „Swift Transportation“ и „Werner Enterprises“ во последниот период агресивно регрутираат возачи.

Дерек Леатхерс, претседателот и главен оператор на „Werner“, вели дека неговата компанија во моментов има 100 слободни работни места, за возач на камион. Намалената бројка на возачи, го принудуваат да троши повеќе пари за пренос на стоката, да работи повеќе од вообичаено, како и да троши парични средства на веќе вработените, со цел да им го крене моралот.

Компанијата нуди 5000 долари бонус за таканаречен „тимски возач“. Двајца возачи, во еден камион, да работат во смени, со цел камионот да помине 1000 милји за еден ден. Компанијата исто така регрутира и им нуди бонуси на воените ветерани, доколу би сакале да се занимаваат со оваа работа.

„Возењето камион не е лесен избор“, вели Лео Вилкинс кој со оваа професија се занимава повеќе од 40 години.
Тој вели дека заработува и до 300,000 долари годишно. Но, откако ќе плати за гориво, осигурување, давачки за камионот и негово оддржување, му остануваат 150,000 долари кои што може да ги однесе на неговото семејство.
„Останувам на патот повеќе и од шест недели. Во овој бизнис не можеш секој викенд да го посетиш семејството, доколку сакаш да заработуваш пари“, вели Вилкинс.

Tags: , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1