Мвр уапси две гатачки едната од Велес, другата од Градско. Двете Млади, велешанката 31, а гатачката од градско 21 годишна.
Измамиле пет граѓани. Правеле амајлии за да не се караат по дома, за успех, за повеќе пари. Кога бизнисот им паднал лани тие дознавале кои семејства имаат проблеми и им тропале наврата. Им велеле дека ,, им се видело,, дека имаат проблеми и дошле да помогнат. За да се направи амајлијата требало да се даде злато од дома – наивните граѓани зачудени што знаат детали за нивното семејство, им поверувал и им го дале златото. Уште и ја платиле амајлијата 3.700 денари. Не го виделе ниту златото, ниту амајлијата, а ниту гатачката повторно, по што пријавиле во полиција.
Гатачките се уапсени.
Пред неполн месец МВР повторно излезе со соопштение дека е уапсена 31 годишна гатачка – Кривична пријава за триесет и едно годишната А.С. од Велес осомничена дека извршила три кривични дела „измама“ во периодот од јануари до јуни годинава. текстот ОВДЕ