Во затвор поради киндер јајца


Двајца мажи поминале повеќе од два часа во затвор на канадската граница, откако цариниците откриле илегални чоколадни јајца во нивниот автомобил.

Брендон Ли и Кристофер Свини одлучиле да ги почестат пријателите и семејството со некој подарок по краткиот престој во Ванкувер. Одлучиле дека најдобро би било да им подарат киндер јајца кои во внатрешноста имаат играчка. Кога цариниците го прегледале автомобилот ги пронашле и им кажале дека истите се забранети во Америка, затоа што малите деца може да ги проголтаат играчките и на тој начин да се задават. Им се заканиле дека за илегалниот увоз може да добијат голема казна.

Американската царина има податок дека во 2011 година биле запленети дури 60 илјади киндер јајца.

Share Button

Tags: , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1