Еве каков секс не смеете да испуштите до 30 години


Дали некогаш сте се запрашале какви се вашите сексуални искуства во однос на другите? Сметате ли дека сте ги исполниле сите ваши желби и фантазии или се плашите дека ќе западнете во досадна рутина?

Во случај да ви недостига фантазија и идеја, а сакате кај партнерот да запалите искрички во спалната соба ви носиме супер листа на секси нешта кои секоја жена мора да ги испроба до својата триесетта година од животот.

 Имајте секс на некоја опасна локација

Сексот не мора да биде врзан за креветот и спалната соба. Пробудете го во вас авантуристичкиот дух и пробајте секс на опасна локација како на пример во канцеларија.

 Научете самите себе да се доведете до оргазам

За незаборавен секс важно е да знаете што сака вашиот партнер, но исто така многу е важно да си го познавате и сопственото тело бидејќи штом научите што е она што вас најмногу ве возбудува, е тогаш ќе можете и на својот партнер да му го покажете вистинскиот пат.

 Играјте улоги

Го сакате својот партнер, не сакате ниту едно друго момче и тој ви дава се што вам ви е потребно, но некогаш сексот треба да се зачини бидејќи мала промена секогаш е добредојдена. Обидете се да играте улоги, вие како како медицинска сестра, дадилка или странец на кој му е потребна помош, а тој згоден дечко подготвен да помогне или ваш шеф.

 Кажете му како точно најдобро ве задоволува

Мажите едноставно не знаат да читаат мисли, па за ваше но и негово поголемо задоволство, отворете се и кажете му дали сакате брзо, силно или пак побавно и се друго што очекувате од него.

 Заборавете ги границите

Сексот истовремено може да биде и возбудлив и забавен, само потребна е мала фантазија. Пробајте со врзување за кревет. Допуштете му ја целата контрола и може вас да ви понуди незаборавно искуство, а покрај тоа на овој начин ќе ја зголемите и довербата во врската.

 Секс на брзање

Потрчајте дома за време на паузата, изненадете го партнерот, уживајте во неколку минути на жестоки страсти. Гарантирано и двајцата едвај ќе чекате да дојде вечер да се видите и се од почеток да повторите, но неколку пати.

 Заборавете на годините

Заборавете на врежаните правила и предрасуди дека „тој е престар за вас“. Зарем не би било возбудливо да проверите што се има да ви покаже маж со повеќегодишно сексуално искуство?

 Испратете му секси фотографии

Изненадете го со некоја секси фотографија поради која ќе му застане здивот. На фотографијата не мора да бидете голи, доволно е само сликата да најавува возбудливо доживување. Потоа чекајте негов одговор кој сигурно нема да биде рамнодушен.

 Иницирајте секс

Најголема грешка во сексот може да направите доколку се однесувате срамежливо. Покрај тоа, не чекајте секогаш мажите да почнат врела игра. Затоа, кога ќе посакате да уживате во сексот, едноставно покажете му го тоа со зборови, допири, иако понекогаш доволен е само поглед. Мажите сигурно нема да останат рамнодушни.

 Секс во автомобил

Доколку се уште никаде не сте го испробале, сега е вистинското време да ги открие сите свои познавања во сексот и тоа во автомобилот. Повикајте го партнерот да се повозите и на крајот прошетката нека заврши со среќен крај на некој паркинг или некое темно место.

Share Button

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1