Спајсиците ќе ја затворат олимпијадата во Лондон


Популарниот женски бенд од 1990 тите „Spice Girls“ ќе се појават заедно прв пат по 2008 година, на затворањето на Олимписките игри во Лондон, пренесуваат британските медиуми.

Поголем дел од членовите на овој бенд имаат успешна соло кариера но весникот „Telegraf“ пренесе дека повторно ќе се појават заедно повикувајќи се на проверени извори.

Geri Halliwel, Emma Bunton, Melanie C., Melanie B. i Victoria Becham ќе му се придружат на Georde Michael, Jessie J. и групата “The Who” и “Take That” на завршната церемонија на 12 август.

Групата ќе отпее две песни од кои една ќе биде нивниот хит од 1996 година „ Wannabe“ која беше голем хит во повеќе од 30 земји.

Инсајдерите тврдат дека Džeri Halivel ќе го носи прочуениот фустан кој е во вид на британското знаме, истиот оној што го носеше на доделувањето на Brit наградите во 1997 година

 

Share Button

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1