Возот кој сообраќал на релација Гевгелија – Скопје утрово околу 10 часот и 45 минути удрил во товарно моторно возило сопственост на АД „Гранит“ при што едно лице загина, информираат од МВР.
Несреќата се случила на преминот Ногаевци – Велес, при што возачот на камионот, по потекло од Кратово, им подлегнал на повредите
Надлежните институции вршат увид на местото на несреќата.