35-годишниот тренер Александер Криспин, дресер во мексикански циркус почина откако бенгалски тигар го растргна среде настап во главниот град на Мексико.
При изведување на точката тигарот одеднаш скокна врз дресерот и го собори на земја. Вработените во циркусот веднаш притрчале на помош и удирајќи го со столици се обидуваа да го отргнат животното од телото на дресерот кое го влечеше наоколи. За несреќа тренерот бил гризнат за вратот и починал на патот до болницата.