Врие вода во бунар во Куманово – измерени 87 степени


Во бунарот на едно семејство во Куманово водата е со топлина од 87 степени целзиусови. Кумановчани се шокирани од овој феномен и на него гледаат како на божјо чудо, па често доаѓаа во дворот на семејството Давитковски за да се уверат и да остават пари. Давитковски велат дека водата е толку топла што не можат ниту кофа да спуштат во бунарот.bunar

Од Центарот за јавно здравје Куманово овој феномен го објаснувала со зголемено присуство на нитрати.

„Топлината не доаѓа од составот на водата. Има зголемено присуство на нитрати и калиум перманганати, а ги чекаме анализите за тешки метали. Топлата вода најверојатно доаѓа од земјиштето, по некоја пукнатина и тоа само хидрогеолозите можат да го кажат. Мора да се направат темелни анализи, бидејќи вака на памет ништо не можеме да кажеме. “- изјави Мимоза Величковски, од Центарот за јавно здравје Куманово, за „Kumanovonews“.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1