Сите железнички линии на Денот на независноста 8 Септември и на 9 септември по полноќ ќе биде бесплатен, соопштија од Македонски железници.
Возниот ред е прилагоден за сите кои сакаат да бидат дел од централната прослава во Скопје, а посебни возови ќе се воведат кон Битола и Гевгелија.
По манифестацијата, посебниот воз за Битола, тргнува пет минути по полноќ од железничката станица Скопје – попатно ќе застанува на станиците Велес, Богомила и Прилеп.
Возот за Гевгелија тргнува 15 минути по полноќ и попатно ќе застане во станиците Велес и Неготино.
Поместувања во возниот ред ќе има и за возовите кон и од Скопје во правец на Кичево, Кочани и Табановце.
Кичево возот кој треба редовно да тргнува во 16 часот и 50 минути на 8 септември од Скопје ќе тргне во 14 часот и 52 минути со тоа што од Кичево кон Скопје ќе тргне во 17 часот и 15 минути наместо во 19 часот и 15 минути.
Ноќниот воз кон Кичево редовно поаѓа во 2 часот и 50 минути по полноќ на 9 септември ќе тргне во 20 минути по полно. Возот кон Кочани од Скопје кој тргнува во 15 часот и 20 минути на 8 септември ќе тргне во 13 часот со тоа што од Кочани кон Скопје ќе појде во 16 часот и 23 минути наместо во 18 часот и 23 минути.
Ноќниот воз кон Кочани на 9 септември ќе тргне во 25 минути по полноќ наместо во 2 часот и 25 минути. Кон Табановце ќе има поместувања само на времето на тргнување на возот кој од Скопје редовно поаѓа во 23 часот со тоа што на 9 септември ќе тргне во 10 минути по полноќ.