За првпат во историјата на фестивалско Скопје се организира фестивал на традиционалната(чалгии, тамбури), плех оркестарската и модерната музика како и фузијата меѓу нив која неколкугодинешни учесници на фестивалот ја довеле до перфекција.
Настанот ќе се одржи на 14. 09. 2012 год. на градската плажа Камен мост со почеток во 18:00 ч. и ќе трае се до 03:00 ч 15.09.2012 год.
На фестивалот свое учество ќе земат следните оркестри и бендови
Чалгии (Скопје)
Семка бенд(Делчево)
Нино Величковски и Тамбураши(Куманово)
Черкези оркестра(Скопје)
Кал Бенд(Србија)
Кинг Аце и Веселата Дружина(Струмица)
Покрај одличната музика посетителите на фестивалот ќе може да уживаат и во прекрасните македонски и балкански специјалитети (печено месо-прасе јагне кокошка,скара,тавче гравче и др.).
Тоа што прави овој фестивал да се одвои од другите покрај веселата (НЕСЕКОЈДНЕВНА)музика и одличната храна е одличната локација крај кејот на Вардар под новите згради на театарот и музејот на вмро, Градската плажа Камен мост која ги исполнува сите критериуми за одржување на манифестации од овој тип.
Еднодневниот фестивал Скопје плех фестивал ветува долга традиција и многугодишно дружење за Скопје и Македонија како и за доприносот во развојот на туризмот и мултикултурализмот во нашата земја и пошироко.
Целната група посетители на Скопје плех фестивал е од најширок можен дијапазон; од 13-14 годишна возраст па се’ до најстарите, виталните вистински љубители на овие музички правци кои со текот на времето неможат а да не ги освојат ушите и душите на секоја индивидуа.
За ќеиф на душата Скопје Плех Фестивал 2012