Спортските стадиони во Лондон ќе ги обезбедуваат дополнителни 3.500 членови на војската
Како се ближат Олимписките игри во Лондон, се поголем е стравот на организаторите од потенцијални безбедносни проблеми, па само ја зголемуваат бројката на луѓе кои ќе се грижат најголемиот спортски настан годинава да помине без проблеми.
Спортските стадиони во Лондон ќе ги обезбедуваат дополнителни 3.500 членови на војската, а на тоа организаторите се одлучиле откако главната компанија за безбедност на Олимписките игри ги информирала дека нема да имаат доволно луѓе за да ја обезбедат целата области.
Инаку, се очекува дека игрите ќе ги обезбедуваат околу 13.200 приватни чувари, кои ќе бидат распределени на 100 места каде што ќе има натпревари, а до сега за обезбедување се задолжени и 7.500 војници и уште 6.000 кои се на готовс. Со дополнителните 3.500 се доаѓа до бројка од вкупно 17.000 војници, речиси двојно повеќе од бројот на војници кои Обединетото Кралство до сега пратило во Авганистан.