За плата од 4000евра во Европа, мора да знаете колку проценти деца, пијат млеко


Преведувачи, секретари  вработени во општа администрација од Хрватска кои сакаат да работат во Брисел и Луксембург мора да одговорат на низа смешни и небулозни прашања ако сакаат да заработат од 2.300 до 4.400 евра месечно.


„Три од пет деца во Хрватска пијат млеко секој ден. Колкав е процентот на деца во Хрватска кои пијат млеко секој ден“ е само едно од прашањата кои ќе им биде поставено на потенцијалните работници во најбогатите градови во Европа.

ФОТО:

Покрај соодветното образование и интелигенција кандидатите мора да знаат и повеќе јазици да се висококвалификувани во работата која ја работат, цврсти и мотивирани и да сакаат да учат и напредуваат во работата.

По првите предселекциски тестирања кои се состојат од тестови, следат интервјуа, презентации и групни вежби за кои нема да имаат многу време.
Европската канцаларија за избирање персонал на 13 септември ќе организира натпревар за општи службеници, а потребни се само 126 кандидати кои имаат факултетска диплома за позиции како европска јавна управа, право, ревизија, економија и финансии.
Процесот на тесирање ќе трае околу 10 месеци, а среќниците кои ќе  успеат да се најдат на листата не значи и дека ќе ја добијат работата.

Share Button

Tags: , , ,

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1