Меѓаши ќе ги пријави сите кои не ја заштитиле малолетната Моника и го објавија нејзиниот лик


Првата детска амбасада во светот Меѓаши реагираше за начинот на кој некои медиуми ја пренесоа ,,сторијата,, за малолетната 15 годишна Моника и нејзината исповед за првиот сексуален однос. Дел од медиумите не го затемнија нејзиното лице и иако е малолетна ја објавија нејзината фотографија и видео без никаква заштита.

Меѓаши за последните евидентирани случувања кои што беа објавени на неколку интернет портали ќе испрати Претставки до соодветните државни институции со цел да се заштитат децата и нивните права и ќе побара од инситуциите да ги известат за преземените активности и мерки од нивна страна.

Еве што стои во соопштението од Меѓаши до медиумите – во кое и се потсетува на законот и меѓународните конвенции како се известува за малолетници.

Почитувани,
Поттикнати од последните настани и содржини кои што се објавени на неколку интернет портали и социјални мрежи, Првата детска амбасада во светот – Меѓаши ги потсетува сите медиуми и интернет портали за начининот на објавување на информации и содржини поврзани со децата и нивните права.
Согласно позитивните законски прописи во Република Македонија, а почитувајќи ги правата на децата упатуваме замолница до сите медиуми и интернет портали при известување за настани поврзани со деца или пак објавување на содржини во кои учество имаат децата да се почитува приватноста, идентитетот и интегритетот на децата.


Грижејќи се за личноста, приватноста и угледот на децата целиот државен и граѓански сектор има законска и морална обврска забележаните недолични дејствија и дисфункции да ги пријави во надлежните државни институции како: Дирекцијата за заштита на лични податоци и во Одделението за компјутерски криминал при Министерство за внатрешни работи на Република Македонија. Ваков или сличен вид на случаи каде што има сомнеж за прекршување на детските права повикуваме да се пријави и на бесплатниот СОС телефонот за деца и млади 0800 1 2222 при Првата детска амбасада во светот Меѓаши. На тој начин заеднички се грижиме за младина која е психофизички здрава и допринесуваме за здраво општество.

Првата детска амбасада во светот Меѓаши за последните евидентирани случувања кои што беа објавени на неколку интернет портали ќе испрати Претставки до соодветните државни институции со цел да се заштитат децата и нивните права и ќе побара од инситуциите да не известат за преземените активности и мерки од нивна страна.
Уште еднаш истакнувајќи ја нашата готовност за соработка со Вас, исклучиво во интерес на децата би сакале Ве замолиме во иднина, при пренесување на изјави добиени од деца да се користат предвидените заштитни методи како и да не се објавувуваат несоодветни содржини во кои учество имаат деца. Извесно е дека и покрај вашата и нашата добра намера – може да се наштети на интегритетот на детето и тоа дополнително да биде стигматизирано и виктимизирано.

Во таа фунцкија, ве потсетуваме на:
• член 3 од Конвенцијата за правата на детето
1. Во сите активности кои се однесуваат на децата од примарно значење се интересите на детето, без оглед на тоа дали ги спроведуваат јавните или приватните институции за социјална заштита, судовите, административните органи или законодавните тела.
• член 16 од Конвенцијата за правата на детето:
1. ниедно дете не смее да биде изложено на произволно или незаконско мешање во неговата приватност, семејство, дом или личната преписка, ниту на незаконски напади на неговата чест и углед.
2. детето има право на законска заштита против таквото мешање или напади
• член 23 од Конвенцијата за правата на детето
1. Државите-членки признаваат дека детето со ментални или физички пречки во развојот треба да ужива целосен и достоен живот, во услови со кои се обезбедува неговото достоинство, се потикнува самостојноста и се олеснува активното учество на детето во заедницата.
• Основните упатства и принципи на Меѓународната федерација на новинарите за известување за прашања во кои се инволвирани децата:
1. внимателно да ги земат предвид последиците од публикувањето на секаков материјал во врска со децата и на тој начин да ја намалат штетата врз децата;

2. да внимаваат да не користат визуелно или друго идентификување на децата доколку тоа не е очигледно во јавен интерес;

3. да осигураат независна верификација на информациите што ги дале децата и да водат посебна грижа верификацијата да не ги стави во опасност децата информатори;

4. да употребуваат чесни, отворени и недвосмислени методи за обезбедување слики и, таму каде што е можно, да ги добијат со знаење и согласност на децата или на одговорното возрасно лице, старател или лицето што се грижи за нив.

5. Медиумите не треба да ги земаат предвид и да известуваат за положбата на децата само како настан, туку треба постојано да известуваат за процесот кој може да доведе или води кон појавата на тој настан.
Во најдобар интерес на децата е да внимаваме на вакви подробности кои може да имаат негативен ефект токму над децата за кои се залагаме да ги заштитиме.

Tags: , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1