ЗА СИТЕ ВРАБОТЕНИ: ОВОЈ ТЕКСТ ПРЕПРАТЕТЕ ИМ ГО НА ВАШИТЕ ШЕФОВИ


Доколку шефовите и директорите сакаат навистина да ги мотивираат вработените еве што треба да направат. Се вршело истражување и ова се работите кои секој вработен би го направиле лојален – а зголемувањето на платата е последно на списокот.

Заборавете на зголемување на платата и големи бонуси, постојат многу поедноставни и поефтини начини за да ги усреќите сопствените вработени.

Од понудата за бенефиции до овозможување на флексибилности, компаниите може да пронајдат многу креативни начини вработените да бидат среќни, а тоа значи и продуктивни. Business News Daily објавил на листа неколку начини на кои компаниите може да ги задоволат вработените.

1. Понудете им можност да работат и од дома

Работниците може да бидат среќни и кога работат од дома. Неодамнешно истражување окрива дека работниците ќе се откажат од купување, чоколади и паметни телефони, кога би имале можност да работат од дома.

-Додека овие резултати од истражувањето може да се чини забавно, ова откритие покажува дека компаниите во иднина мора да им овозможат на вработените да работат од дома – рекол Холгер Фелнер, генералниот директор во Team Viewer, кој го спроведувал истражувањето.

2. Дозволете им на вработените да се докусираат на работата

Кога работниците се фокусирани на работата без постојано прекинување, тоа е уште еден начин да се зголеми нивната среќа на работното место, но и продуктивноста. Еден од начините тоа да се оствари е да не примаат e-mail-ови што не се важни за нивната работа. Последната студија покажала дека тие поминуваат околу 100 часа годишно во читање на такви мејлови.

3. Дајте им шанса на вработените да го балансираат својот професионален и приватен живот

Додека го балансираат професионалниот живот, приватниот е вистински предизвик за повеќето работници. Тој претставува можност за компанијата која се обидува да ја задржи среќата на своите вработени. Веројатно е дека вработените ќе бидат среќни на својата сегашна работа, кога компанијата во која работат им нуди баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот.

-За работната сила да биде покомпетентна, веќе не е доволно да се фокусираме само на тоа што вработените може да дадат. Денес врвните менаџери создаваат опкружување во кое вработените се чувствуваат поврзани со организацијата и имаат позитивно работно искуство, кое е дел од богатиот исполнет живот – рекол Дејвид Балард, водител на програма за американското психијатриско здравје на работната сила.  67%  од вработените откриле дека работниците рекле дека радо ќе останат да работат за фирмата што им овозможува балансирање на приватниот и професионалниот живот.

4. Дајте им време на вработените за Facebook и други активности

Дозволувањето на работниците со посебно време за да ги проверат пораките на социјалните мрежи покажало дека го подобрува расположението и продуктивноста во компаниите.

-Кратките паузи како што е сурфање по интернет, им овозможува на вработените малку да ги „освежат“ мислите од работа, па на тој начин полесно се концентрираат на задачите што мораат да ги извршат до крајот на денот – рекол Брент Кокер од одделот за менаџмент на Универзитетот од Мелбурн, Австралија, кој го спроведувал истражувањето. Резултатите упатуваат на тоа дека сурфањето подолго од 10 минути е контра-продуктивно.

5. Понудете им простор за развој на вработените

Вработените веројатно нема да бидат среќни ако продолжат да доаѓаат на работа што не им нуди можност за развој и унапредување, потврдила студијата. Вработените што не чувствуваат можност за напредок, не биле среќни на работа и повеќето од нив барале друга работа, појаснила коавторката на студијата Мариа Краимер.

6. Понудете им добар тренинг на ново-вработените пред да почнат со работа

Работодавачите не треба да ја потценуваат делотворноста што го има тренингот врз новите вработени и нивната среќа. „Ако ги фрлате во оган новите вработени, нивната интеракција со другите ќе биде полоша“, рекол Џејми Грунмен, професор на Универзитетот Гелф, кој го спроведел истражувањето. „Кога вработените на ново-вработените им помагаат да се прилагодат на почетокот, секако ќе го остварат својот полн потенцијал“, заклучил Грунмен.

7. Понудете мали бонуси

Тоа е уште еден начин за вработените да бидат среќни. 60% од американските работници во неодамнешно истражување рекле дека се среќни со бонусот на крајот на годината и во износ од 25$. Објасниле дека симболичниот износ им кажува дека фирмата за која работат ги цени и дека и се вредни, што значително ја зголемило лојалноста према компанијата за која работат.

8. Понудете им автономија на вработените

Истражувањето покажало дека работниците копнеат по автономија во својата работа. „Луѓето се среќни на работа ако мотивацијата им доаѓа одвнатре“, рекол Мајнар Брусмен, психолог и извршен тренер во фирмата ‘Working Resource’, што го спроведувал истражувањето.

-Работниците подобро ќе ги извршуваат задачите, ќе соработуваат и ќе бидат повеќе посветени на работата, доколку она што го работат доаѓа од нивната внатрешна мотивација – рекол Брусмен, и додал дека ако вработените ја извршуваат работата на свој начин нема да бидат само среќни, туку и попродуктивни.

9. Создадете позитивно работно опкружување

Вработените се среќни ако им се допаѓа компанијата во која работат. Работите како што се скратување на траењето на состанокот или пуштање музика во канцеларија, го зголемуваат еланот на вработениот. Расположението кај вработените се подобрува и кога во канцеларија има храна, кога раководителите препознаваат добро завршена работа. Комуницирањето со вработените исто така помага да се отстрани загриженоста што ја имаат во врска со работата.

10. Понудете им на вработените пакет бенефиции

Компаниите може да им помогнат на вработените да го подобрат својот професионален живот со придобивките што ги нудат. Некои од тие предности може да вклучат грижа за дете, куќно милениче, за подобрување на работното место.

Подобрување за компанијата ќе се забележи кај продуктивноста, работните часови и намалување на изостанување од работа. Така вработените се полојални и повеќе посветени на работата, сметаат стручњаците.

11. Помогнете им на вработените да живеат здрав живот

Компаниите можат да им понудат на вработените и здравствени програми. Работниците во компаниите кои нудат платени систематски прегледи се посреќни од вработените во компаниите што не се грижат за здравствената состојба на своите вработени.

-Истражувањето непобитно покажува дека ефективни здравствени програми може да го подобрат работното место – рекла Венди Појриер, водач на здравствена група за Tower Watson во Канада.

Tags: , , , ,

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1