Полицијата во Бугарија пронашла и запленила 12 тони хашиш кој е проценет дека вреди 360 милиони евра. Се претпоставува дека дрогата пристигнала со брод на некое од пристаништата на црното море.
Според полицијата хашишот во водоотпорни кеси е фрлен од бродот пред тој да пристигне на пристаништето. Со бродчиња дрогата е собрана и со камион е пренесена во Софија, со намера да се дистрибуира низ Западна Европа.
Запленетата дрога, според Цветан Цветанов министер за внатрешни работи на Бугарија, е само дел од големата пратка од Мароко, наменета за пазарот во Холандија и Белгија.
Хашишот е пронајден во импровизиран магацин во селото Моровјане во непосредна близина на Софија. Оваа акција е дел од акцијата започната минатата недела која резултираше со заплена на 4,2 тони хашиш на граничниот премин кон Романија.