Грција ги затвара граничните премини – царината стапува во неколкудневен штрајк.
Министерството за внатрешни работи информира дека граничните полицајци денес биле усно контактирани од грчките колеги кои им соопштиле дека од утре од 6 часот грчката царинска управа ќе стапи во штрајк и граничните премини ќе бидат целосно затворени.
Според информациите премините ќе се затворени од утре од 6 часот наутро до сабота до 6 часот.
Во таква ситуација, на сите три гранични премина (ГП “Богородица“, ГП “Стар Дојран“ и ГП “Меџитлија“) би се пропуштале само итни случаи.
МВР е во очекување и на писмена потврда на најавата за штрајк и блокада на граничните премини кон соседна Грција.