Златото достигнува рекордни цени


Во наредните 12 месеци може да достигне цена од дури 2000 долари. Моменталната цена изнесува 1590 долари за унца.


Постојаниот раст на цената на златото ќе предизвика нов рекорд на неговата вредност, стои во извештајот на групацијата Erste во кој се наведува дека една унца злато во наредните 12 месеци може да достигне цена од дури 2000 долари. Моменталната цена изнесува 1590 долари за унца.
Ваквата прогноза се должи на ниските реални каматни стапки и желбите за побезбедни и одржливи облици на штедење и вложувања. Имено, како што американската централна банка Federal Reserve ќе продолжи со политиката на нултни каматни стапки најмалку до 2014 година, реалните камати и натаму ќе бидат негативни, што создава подлога за натамошен раст на цените на златото.
Економистите истакнуваат дека една од причините за извонредните резултати што ги постигнуваат цените на златото е релативниот недостиг од благородниот метал во споредба со арбитрарно печатените банкноти.
Освен тоа, атрактивноста на златото како сигурен облик на штедење и посигурно прибежиште за вложување наспроти лесно испарливите и променливи валути и хартии од вредност, расте токму во економски несигурните времиња.
„Европската централна банка (ECB) само што ги намали каматните стапки на историски најниските нивоа, па се чини дела тоа ниво ќе се задржи подолго време. Негативните реални каматни стапки претставуваат совршен амбиент за златото”, вели овој аналитички експерт за златото од Erste Group.
Златото без никакви проблеми ги задоволува критериумите според коишто се смета за „сигурна оаза” за капиталот, односно носи ниски кредитни и пазарни ризици, висока пазарна ликвидност и низок ризик од инфлација и курс, се наведува уште во анализата.

Share Button

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1