Зошто Данците ја запреа продажбата на омекнувачите за алишта


Еден трговски синџир во Данска деновиве објави дека ги отстрануваат од продажба сите омекнувачи за алишта од полиците на своите продавници.

Продажбата на омекнувачи за алишта во последните неколку годни драстично е намалена, а едно истражување покажало дека омекнувачот не го користат 50 отсто од испитаниците.Omeknuvac-012-16e1a5-800x600

Овој потег го објасниле со превземањето на одговорност за се поголемиот број на луѓе кои се чувствителни на хемикалии и парфеми, како и за штетното влијание на отровните материи од омекнувачите врз алгите и рибите, но и податокот дека кога сите би прекинале да користат омекнувач водата би ја ослободиле од 3.000 тони штетни материи, како што тврдат стручњаците.

Омекнувачите ја прават облеката помека и помиирслива, но исто така и штетат бидејќи боите на облеката избледуваат а пешкирите не ја впиваат водата како што треба.

Додавањето на омекнувач може да се изостави и омекнувачот е сигурно нешто без кое не се може, а наместо омекнувач во секое перење може да се додаде неколку лажици обичен бел оцет кој далеку е поздрав и поевтин.

Оцетот ја прави облеката помека и ги отстранува непријатните мириси, а добро е и за самата машина за перење . Јаболковиот оцет не се препорачува за облеката. Ако сакате помирислива облека може во оцетот да додадете и неколку капки етерично масло од лаванда.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1