Archive | Македонија RSS feed for this section

„Макстил“ прекинува со работа, „Југохром“ бара уште две години

 „Макстил“ согласно предвиддените обврски за реализација на оперативниот план за воведување еколошки стандарди од денеска го прекинува производството во погонот „Челичарница“.  Како што информираат од компанијата производството ќе биде прекинато во погонот се до ставање во целосна функција на новата филтерска постројка.  – Во претстојниот период ноември 2014 до јануари 2015 следува завршната фаза од […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Решена мистеријата со бабата која лежеше во центарот на Скопје

Социјалните мрежи деновиве беа преплавени со фотографии од баба како лежи на улицата кај Градската болница во центарот на Скопје. Никој не знаеше што се случило со бабата, но одговорот се појави денес. Имено, порталот Вистина.мк денес објави фотографии на кои се гледа истата баба, но овојпат исправена и очигледно во добра здравствена состојба, како […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Две сестри од Штип во ист ден запросени среде Париз

Вистински романтичен спектакл доживеаја двете сестри Маја и Ирена од Штип. Нивното патување во Париз ќе им остане вечно во сеќавање, на ист ден и на исто место ги запросија, пишува порталот Во бело. Ова лето било весело во семејството на Маја и Ирена, свадбите им се случија едната во јуни, а другата во август.

______________________________________________________________________________________________________

ВИДЕО: Уредникот на „ВЕСТ“ на улица

Главниот и одговорен уредник на „Вест“, Горан Михајловски продава весници на улица. По фотографијата која што кружеше на интернет, а на која уредникот на „Вест“ е во улогата на колпортер, денес се појави и видео со слична содржина. Имено во видеото, Михајловски на раскрсница продава весници и повторно не насочува да размислуваме дека може и […]

______________________________________________________________________________________________________

На владата е пукано со истото оружје и во нападот во 2007

Оружјето со кое било пукано во вторникот врз зградата на Владата најверојатно било од ист тип како оружјето користено во нападот во 2007 година, велат експерти за „Дневник“. Станува збор за хрватскиот рачен фрлач на гранати РБГ-6, модернизирана верзија на јужноафриканскиот фрлач користен во војните во поранешна Југославија. Од МВР официјално немаат детали за истрагата, […]

______________________________________________________________________________________________________

И за пред нотар ќе мора да имате адвокат – нотарите реагираат

Задолжително присуство на адвокат во постапка пред нотар го деградира нотаријатот како независна и јавна служба, е дел од реакцијата на нотарската комора испратена  до премиерот Никола Груевски  како одговор на најавите за измена на Законот за нотаријат. Се предвидува во нотарските канцеларии секоја странка да ангажира адвокат при потпишување нотарски договор со вредност над […]

______________________________________________________________________________________________________

Проститутките и шверцот имаат удел од 22,7 милиона евра во домашната економија

Проститутките и шверцот учествуваат со 0,3 отсто во македонскиот домашен бруто-производ или со проста математика имаат удел од околу 22,7 милиона евра во домашната економија. Ова го покажуваат најновите ревидирани податоци за БДП, кои деновиве ги објави Државниот завод за статистика, кој направи корекција по новата методологија на податоците за БДП за периодот од 2000 […]

______________________________________________________________________________________________________

ВИДЕО: Обид за убиство во Куманово пред камерата на Сител

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Н.(21) за сторено кривично дело „убиство“ во обид, соопшти МВР. На 8-ми овој месец, во 17,00 часот, на ул. „Солунска“ во Куманово дошло до вербална расправија помеѓу пријавениот и Д.А.(30) и С.А.(23), двајцата од Куманово, во која пријавениот со нож му нанел убодна рана на Д.А. во градниот кош, […]

______________________________________________________________________________________________________

Дико од Македонија- најубав шарпланинец во Европа!

Две и пол години стариот шарпланинец Дико, чиј сопственик е Владо Каравилоски од Прилеп, пред неколку денови ја доби титулата најубав шарпланинец во Европа, на европскиот шампионат кој се одржа во Чешка. Каравилоски вели дека е многу горд на тоа што има најубавиот шарпланинец на целиот континент. На Дико ова не ми била прва изложба. […]

______________________________________________________________________________________________________

МНР ќе плати – телото на Дениса до понеделник ќе биде во Македонија

Телото на  23-годишната Дениса Маркоска кое треба да пристигне најдоцна до понеделник ќе го транспортира грчка погребална компанија а трошоците во целост ќе ги покрие Министерството за надворешни работи. Родителите на девојката, во меѓувреме, до надлежните органи го доставиле и Изводот од матичната книга на родените на Дениса, како последен  документ кој бил побаран од […]

______________________________________________________________________________________________________

ВНИМАВАЈТЕ: Фалц пари во Македонија

Полициската станица Свети Николе поднесе кривична пријава против 46-годишниот С.В. од Свети Николе, за сторено кривично дело „фалсификување пари“.  На 19 септември оваа година, во 19 часот и 30 минути во колонијална продавница во село Пеширово, светиниколско, тој од вработената побарал да му размени 200 евра, за што истата му дала 12.200 денари. Наредниот ден, […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Дошол од Дубаи до Македонија со Ламбурџини за да го сопре полиција

Кога има пари за Ламбурџини и за бензин од Дубаи до тука, има и 300 евра а македонската полиција. Толку е минимумот. 😀 😀 😀 Фото – ЗаСе

______________________________________________________________________________________________________

Од ОНА во Министерство за одбрана, па во џихад – Македонец загина во Сирија

Војувал во редовите на ОНА на Kосово, a потоа и во Македонија во 2001 година, по што следувало „заслужено“ вработување во Подрачната единица на Министерството за одбрана за општина Чаир и потоа во Институтот за духовно наследство на Албанците за на крајот да загине како џихадист на радикалната Исламска држава. Ова е дел од биографијата […]

______________________________________________________________________________________________________

Во Владата било пукано од Скопско Кале

Се уште нема никакви официјални информации за тоа кој и зошто синоќа околу 22 часот пукал со куршуми со поголем калибар во зградата на Владата. Вообичаено во вторник навечер Владата ја одржува редовната седница, но овојпат, поради службениот пат на премиерот Никола Груевски во Белгија, седницата е одложена . Од владината служба за информирање велат дека […]

______________________________________________________________________________________________________

Телото на Дениса се враќа дома на трошок на државата

Телото на 23 годишната Дениса Марковска ќе го транспортира грчка погребална компанија најдоцна до понеделник. Трошоците ги покрива Министерството за надворешни работи, а телото ќе оди на обдукција во судска медицина во Скопје, објави Алфа ТВ. Информациите за Алфа ги потврди семејството и МНР. Незадоволни од досегашната истрага што се води во Грција, родителите на […]

______________________________________________________________________________________________________

Ќе ти ја киднапираме и силуваме трудната жена ако не дадеш 10.000 евра – Топаловски во судница

Ѓорѓи Топаловски не го негираше обвинението, но рече дека не се сеќава на моментот кога пред цвеќарницата Грин Планет на „Илинденска“ ги убил Андреј Филип и Новица Благојевиќ, бидејќи во тој момент му паднал мрак пред очи, пренесува Канал 5. Во судница раскажа дека го тепале со лопати тупаници и клоци, но крвта му зоврела […]

______________________________________________________________________________________________________

Сите македонски бебиња кои ќе се родат овој петок ќе добијат по 5.000 денари

Комерцијална банка АД Скопје по повод 31 октомври – Светскиот ден на штедењето, на сите деца кои ќе се родат на 31 октомври од 00:00 до 24:00 часот, ќе им отвори штедни книшки – Отворено детско штедење “Верверичка“ со износ од 5.000,00 денари и исто толку штедни касички. Оваа акција на Комерцијална банка ќе се […]

______________________________________________________________________________________________________

Голема акција на Битпазар

На Битпазар беше спроведена акција на инспекторатот за земјоделство против дивите продавачи на режан тутун. Акцијата била подржана од МВР при што биле одземени повеќе од 200 килограми режан тутун. -Државниот инспекторат за земјоделство согласно законот за тутун направи контрола на Битпазар со цел да утврди дали се продава режан тутун или качак бидејќи тоа […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1